Филипче и Заев го уништија здравствениот систем. Нивната неспособност доведе до тоа во Македонија да има втор пик на корона вирусот во јуни.
Практично нивната неспособност дојде до израз последните неколку месеци кога беше прогласена пандемија на КОВИД -19.
Катастрофалниот менаџмент со здравството го платија граѓаните, некои од нив и со своите животи.
Најслаба точка се покажа токму справувањето со корона вирусот.
Наместо како во сите останати држави во регионот и пошироко да ја остават струката да работи и да се справува со ситуацијата, политиката ја презема палката во здравството.
Со ова целосно го уништија здравствениот систем.
Филипче и Заев ја направија Македонија црна точка во регионот и пошироко. Македонија ја направија тразнит држава за странски државјани, а своите граѓани непожелни во другите држави.
Филипче и Заев мора да одговараат за својата неспособност да се справат со последиците од корона вирусот кои се огромни.
Едно е јасно – оваа влада предводена од СДСМ не може да се справи со ситуацијата
Време е да се стави крај на неспособноста на Филипче и СДСМ.
Обновата победува. Следи период на воспоставување на квалитетен здравствен систем. Изборот е јасен – обнова или измами.