Кина и Индија се обвинуваат еднa со другa за провокација на борбите во кои беа убиени најмалку 20 индиски војници во спорната област на Хималаите. Индиската армија соопшти дека двете страни претрпеле жртви, но сè уште нема информации за број на загинати од Кина.
Индиската армија соопшти дека голем број нејзини трупи „биле сериозно повредени за време на должноста“.
Судирите во понеделникот во регионот Ладах, се прв смртоносен судир во граничната област во последните 45 години.
Индија соопшти дека Кина се обидела „еднострано да го промени статус кво-то“, додека пак Пекинг ги обвини индиските трупи за „напад врз кинески персонал“.
Индиската армија вчера утрото соопшти дека тројца нејзини војници загинале во судир во Ладах, во спорниот регион Кашмир.
Подоцна беше кажано дека 17 индиски војници кои биле сериозно повредени починале од нивните повреди, со што вкупната бројка на загинати во акцијата изнесува 20.
Двете страни се децидни дека во инцидентот не биле истрелани куршуми, но не е јасно како дошло до толку жртви без да се отвори оган од ниту една страна. Сепак, локалните медиуми објавија дека индиските војници биле „претепани до смрт“.