Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

На почетокот на месецов пишувавме за агенцијатаLeanSEM и нејзината успешна маркетинг приказна. Тие работат од Скопје (Тафталиџе во нормални времиња, од дома во овие тешки времиња), за клиенти од Силиконската Долина. Компанијата за околу 5 години успеа да соработува до 50тина компании, управувајќи со маркетинг буџети од над 2 милиони американски долари и константно расте и бара нови членови на тимот. Работат Google со клиенти како Мастерклас и Јудасити , a за себе викаат дека се „зависници од резултати“.

Неколку прашања за Андреј – акаунт директор и Глигор – човекот за Социјални медиуми.

1. Како „завршивте” во LeanSEM и со предизвикот да работите за најбрзорастечката индустрија во светот?

Глигор: Се пријавив за Google Crash курсот на LeanSEM, со главна цел да научам нешто повеќе. Секако се надевав, но не ми беше цел да се вработам по секоја цена. Како што поминуваше време, сфатив дека тука не си „играат играчки“, туку има сериозна експертиза и работат со врвни клиенти. Ми стана јасно дека ова е once in a lifetime шанса за прогрес. Го завршив курсот и ми се отвори можност да станам дел од тимот. Почнав во Google тимот па подоцна се префрлив во Social тимот. И еве ме.

Глигор

Андреј: Уште во средно одлучив дека сакам да работам нешто поврзано со маркетинг и продажба онлајн бидејќи ме фасцинираа можностите што ги носи интернетот. Затоа решив да студирам e-business, а LeanSEM ме “купи” со ад на Facebook каде што го бараа следниот маркетинг rockstar 🙂

Андреј

2. Како изгледа еден ден на LeanSEM маркетер?

Глигор: Eat. Results. Sleep. Repeat. (уствари нема многу Sleep, хехе)

Андреј: Претпоставувам како што би требало да изгледа и на секој друг маркетер – анализа на бројки, носење на заклучоци од резултатите од претходниот ден, откривање growth можности, решавање на проблеми, комуникација со клиенти и со тимот.

3. Што се смени во кризава, односно како Корона висрусот и „новото нормално” го сменија вашиот работен ден?

Андреј: Во однос на работата не се смени многу, ние и понатаму остануваме фокусирани на резултати и продолжуваме со исто темпо. Практично само мигриравме од канцеларија дома. Секако ми фалат тимските средби и дружење во канцеларија ама ќе биде и тоа, набргу се надевам.

Глигор: За мене искрено, на почеток беше само селење од канцеларија – дома. Е тек после првите неколку долги недели, почна да ми фали „LeanSEM домот“. Но, со прав фокус и бистра глава, се посветив на вистинските ствари, и успевам да направам многу, дури и вака „заглавен“ дома.

4. Според вас, што е најважно за да се биде успешен во светскиот дигитален маркетинг од Скопје?

Андреј: Па не само од Скопје, би рекол од било каде, за да бидеш успешен маркетер мора да покажеш резултати. Доколку си способен да ги постигнеш целите и упорсонст да ги подобруваш резутлатите секој месец, најмалку важно е од каде си.

Глигор: Така е. Не е битно дали си од Скопје или од Шангај. Ги имате на тацна скоро истите алатки, затоа многумина го гледаат ова како „the easy way out“. Но, потребни се вистинска пасија за дигитален маркетинг, комбинацијата од аналитички ум, и секако, упорност. Не е работа за секој, а не ни треба да биде.

5. Двајцата сте работеле за македонски клиенти, а сега работите за клиенти од Силиконската долина. Која е главната разлика?

Глигор: Не се споредува. Разликата е во маркетинг буџетите, mindset-от, културата, експертизата… Но клучната разлика, според мене,е во можноста за напредок. Никој не го интересира како се викаш, битно е да си најдобар во тоа што го правиш.

Андреј: Би дополнил дека нашите клиенти ја разбираат својата и нашата улога. Нивно е да ни дадат доверба и информации, а наше е да најдеме начин да донесеме резултати. Со овие клиенти добиваме поголема доверба, слобода и многу поголем буџет за да направиме вистински импакт.

6. Цело време сте во потрага по нови членови на тимот. Кое е она „нешто“, кое треба да го има вашиот иден колега или колешка?

Андреј: Техничниот дел се учи и не е квантна физика ама мора да има пасијата за маркетинг. Второто “нешто” е фокус на импакт и на резултати. LeanSEM нуди милионски буџети на кои секој од нас може да експериментира и гради своето искуство. Се што треба мојата идна колешка или колега да направи е константно да се прашува: “што уште можеме да направиме за клиентот?” и “што можам да направам за да остварам поголеми резултати“.

Глигор: Андреј го сумираше ова убаво, па само би додал – отворен ум, bold ideas и неприкосновена желба за раст.

Доколку се пронајдовте во искуствата на Глигор и Андреј, или мислите дека го имате она што е потребно за да работите дигитален маркетинг во меѓународна лига, погледнете го тимот на LeanSEM постојано расте. Погледнете ги и нивните LeanSEM вредности кои ги имаат сите вработени, и доколку се пронајдете во нив, аплицирајте за отворените позиции.

Треба да знаете
Последни објави