Пекинг мируваше 55 дена кога станува збор за коронавирусот, а потоа се појавија нови случаи позитивни за Ковид-19. Минатата недела беше затворен најголемиот пазар во главниот град на Кина, каде што се продава месо, риба и зеленчук.
Според наводите, вирусот бил откриен на таблите за сечење увезен лосос.
Неколку десетици лица во меѓувреме заболеа од коронавирус, а властите во Пекинг одлучија да ја отстранат оваа риба од полиците во супермаркетите, како и од платформата за испорака на храна.
Ву Зуниу, главен епидемиолог на кинескиот Центар за спречување и контрола на болести, рече дека вирусот може да преживее на површината на замрзната храна до три месеци.