Министерството за туризам на Грција објави повик за закуп на хотели и туристички објекти во целата земја, кои во текот на сезоната ќе бидат пренаменети и ќе работат исклучиво како карантин за сместување на евентуалните позитивни случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Цената на закупнината што ја нуди надлежното министерство е по соба на дневна основа, односно 30 евра доколку се користи и 10 евра на ден доколку собата е празна.
Потребно е хотелите и туристичките објекти да бидат подготвени за употреба, приоритет ќе имаат оние кои нудат и угостителски услуги, а ќе се користат исклучиво за сместување на позитивни случаи на Ковид-19, како и луѓето кои што се грижат или се заедно со нив.