Норвешка демантира дека лососот извезен во Кина е заразен со коронавирус

По состанокот на кинески и норвешки претставници, властите на двете држави заклучија дека изворот на новото жариште на инфекција не е рибата од Норвешка, изјави министерот за риболов, Од Емил Ингебригстен.

„Можеме да ги отстраниме сомнежите, како и да ја прекинеме испораката на лосос во Кина“, рече министерот на видеоконференција за печат.

Повторното појавување на  „Ковид-19“ во Пекинг во изминатите шест дена го наруши нормалниот живот на голем број жители на кинеската престолнина и предизвика стравување дека може да биде целосно блокиран доколку бројот на новозаразени продолжи да расте.

Кина престана да увезува лосос од Европа, откако се појави информацијата дека вирусот е откриен на опрема што се користи за складирање и транширање риба на пазарот Ксинфади во Пекинг. Веднаш потоа, продавниците во Кина го повлекоа лососот од полиците.

Извозниците на норвешки лосос беа известени од Кина за прекинот на увоз, иако органот надлежен за безбедност на храната во Норвешка објави дека нема докази дека рибата е заразена со коронавирус. Акциите на фармите за лосос во Норвешка паднаа во понеделникот за повторно да се зголемат во среда.

Треба да знаете
Последни објави