Носителите на кандидатските листи на парламентарните избори ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Во Државната изборна комисија (ДИК) утре носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Како што информираат од ДИК, потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик.

По потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.

Треба да знаете
Последни објави