Преку solidarnost.gov.mk граѓаните и фирмите можат брзо и едноставно да донираат во солидарните фондови за борба против КОВИД-19 и да се запишат како донатори
– Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републиканскиот институт (ИРИ), УСАИД, како и со поддршка на Министерството за здравство и Владата, изработија веб платформа solidarnost.gov.mk преку која граѓаните и правни лицаќе можат да донираатво солидарните фондови за борба против КОВИД-19 на Министерството за здравство и Владата. Целта на новоотворената веб-страница е да се олесни процесот за оние кои што сакаат да донираат за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот, да овозможи јавно признание на тие кои донирале и да поттикнува солидарност.
„Досега во овие два фонда се собрани околу 200 милиони денари. Дополнително ја креиравме платформа за едноставен и брз придонес, на секој кој може, да се приклучи во борбата против КОВИД-19. Solidarnost.gov.mk на брз и едноставен начин дава можност на сите граѓани и фирми да подадат рака во надминување на овој предизвик и да донираат, како и да се запишат во листата на донатори на страната. Донациите во двата солидарни фонда соодветно се наменети за набавка на опрема за здравството и за социо-економски мерки за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош”, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.
Од досега собраните средства во фондот на Министерството за здравство, во кој донирале граѓани, компании и амбасади на странски држави, набавени се материјали и опрема за монтажната болница која го зголемува капацитетот на Инфективната клиника за повеќе од 70 кревети.
„Ова е еден капацитет, кој што значајно помага во сместувањетодополнителенброј на пациенти, но и понатаму пријатно да се чувствуваати сите кои што работат со пациентите на коишто им е многу потребна лекарската помош. Со останатите средства продолжуваме понатаму. Сакаме да набавиме и медицинска опрема за инфективните одделенија, не само во Скопје, туку и ширум земјата. Понатаму, во периодот што следи, сакаме да набавиме дигитални рендген апарати, дополнителен број на респираторни машини, апарати за компјутерска томографија. Оваа донаторскасметка на која што се собра сериозна сума на пари е нешто што ќе го искористиме за дополнително да се зајакне еден многу важенсегмент во нашиот здравствен систем, а тоа се токму одделенијата за интензивна нега во сите болници – општи, специјални, клинички и на Клиниката за инфективни болести во Скопје за да се зголеми квалитетот на здравствената заштита за нашите пациенти”,вели министерот за здравство Венко Филипче.
Средствата кои се донираат на сметката на Владата, пак, се наменети за социо-економски мерки и всушност претставуваат директна помош од човек на човек и подавање рака на оние категории граѓани кои што се најмногу погодени од кризата.
„Средствата од Солидарниот фонд на Владата ќе се наменат за повеќе категории граѓани на кои им е потребна помош. Ќе се користат за уметници, филмски работници, други самостојни културни работници, физички лица кои вршат авторски ангажмани во областа на културата за помош во справување со корона кризата, радиодифузерите, како и за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија кои ги трпат економските последици”, вели Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.
Преку solidarnost.gov.mk сите домашни и странски, правни и физички лица, можат да донираат финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош и поддршка на оние кои се директно погодени од кризата, а сите донации кои ќе се уплаќаат преку оваа донаторска платформа, ќе бидат ослободени од банкарски трошоци, благодарение на донацијата на УНИБанка.
За секоја донација физичките и правните лица можат да остварат даночно поттикнување преку електронско или хартиено доставување на потребната документација до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 јануари во годината откога ги донирале средствата.
Меѓу другото, solidarnost.gov.mk има за цел и да оддаде јавно признание и благодарност кон сите оние кои што оствариле донација за помош и поддршка во справувањето со последиците од корона кризата, па така, при донирањето, физичките лица имаат можност да одберат дали нивното име и презиме и град ќе бидат јавно објавени на страната. Согласно законот за заштита на личните податоци, заштитени се личните податоци на сите оние донатори кои не сакаат нивните податоци да бидат објавени јавно.