По 14 неделна принудна пауза поради пандемијата со коронавирусот вечерва продолжуваат фудбалските возбудувања во англиската Премиерлига со два дуели од 28. коло Манчестер сити – Арсенал (21.15 ч) и Астон Вила и Шефилд јунајтед (19 ч) . Викендов е на програмата комплетното 29. коло.
Вниманието го привлекува дуелот на „Етихад“ каде Сити со победа ќе ја одложи теоретската промоцијата на Ливерпул за шампион на Англија. Овој дерби дуел ќе биде интересен и по тоа што еден наспроти друг на клупите ќе бидат Пеп Гвардиола и неговито донеодамнешен соработник сега прв стратег на „топчиите“ Микел Артета кој се враќа на местото каде започна тренерската кариера. -Возбуден сум што ќе го видам Артета, тој е еден од најпријатните луѓе кои ги знам. Ми беше задоволство да работам со него. Прави одлична работа со Арсенал, знае сè за нас беше голем адут во тимот. Ќе одиме на пијалок по натпреварот. Мислам дека сме подготвени да одиграме еден меч, но за три дена подоцна имаме уште еден, па за четири уште еден е веќе станува проблем ваквиот ритам. Не само Сити, туку и сите останати тимови ќе мора да ротират, порача Гвардиола.