Роби Вилијамс потрошил милиони за автомобили, а сè уште нема возачка дозвола

Пејачот Роби Вилијамс (46) купил пет луксузни автомобили одеднаш, а сè уште нема возачка дозвола.

Поп-sвездата признава дека во помладите денови многу лесно ги трошел парите, а некое време бил фасциниран од возниот парк, иако не е возач.

„Проблемот беше што во тоа време бев кај Елтон Џон и бев воодушевен од неговата гаража, во која беа сместени ‘ферари’, ‘астон мартин’ и уште неколку луксузни автомобили. Бев млад и тоа многу ме импресионира. Истиот ден нарачав пет автомобили за себе. По неколку дена се прашував зошто го направив тоа, па набргу ги продадов“, рече Вилијамс во интервјуто за британската радиостаница TalkSPORT и сите ги насмеа.

На прашањето како сè уште нема возачка дозвола, Роби објасни дека тој, едноставно, никогаш немал интерес за тоа и дека веројатно никогаш нема да положи сè додека некој друг го вози.

Треба да знаете
Последни објави