Од 40 невладини организации кои се активни во прифатните центри и бегалските кампови во Грција, само 18 ќе продолжат со нивната работа и само тие ќе имаат право на влез во деловите каде што се сместени бегалците и мигрантите, бидејќи останатите НВО не доставиле барање за регистрација во втората фаза предвидена со новиот регистар, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од Министерството за миграција и азил на Грција регистрацијата во првата фаза ја завршиле 80 НВО, а во втората фаза регистрирани се 70, меѓу кои и 18-те кои работат во внатрешноста на прифатните центри.
Од Министерството соопштуваат дека предвидениот рок за поднесување барања за регистарот на грчки и странски невладини организации завршил на 14 јуни.