Јужнокорејското претседателство, таканаречената Сина куќа, денеска соопшти дека неодамнешните критики од Северот на адреса на претседателот Мун Џае-ин, се безначајни и дека Јужна Кореја веќе нема да го прифаќа ова неразумното однесување на северниот сосед.
Портпаролот на Сината куќа изјави дека коментарите на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Jo Џонг, биле многу невкусни и бесмислени и дека тие ја поткопуваат довербата меѓу двајцата лидери, пренесуваат британските медиуми.
Сината куќа ова го соопшти само еден ден откако Северна Кореја ја уништи канцеларијата за врски на двете Кореи од нејзината страна на границата.
Ким Јo Џонг пред два дена изјави дека Јужна Кореја се однесува како „куче мелез” и најави прекинување на врските со таа земја, пренесува „Гардијан”.