Софија Вергара зрачи со природна убавина додека позира со своето кученце

Таа е нов судија во популарното шоу „Америка има талент“.

И во вторникот, спроти најновата епизода од шоуто, Софија Вергара на својот Инстаграм сподели фотографија од себе и нејзиното сакано куче и ги охрабри фановите да го гледаат шоуто и да гласаат.

На фотографијата, егзотичната убавица седи на софа во градината на нејзината куќа и ја држи белата чивава во скут.

Нејзината шминка е минимална, кафеав ајлајнер и малку обоени усни со мат кармин.

Сексапилната Вергара, една од најубавите жени на Холивуд, на себе има фустан без ракави и златно ланче и изгледа волшебно.

Колумбиската актерка е новото заштитно лице на модната куќа на популарното италијанското дизајнерско дуо Долче и Габана, за кампањата во која таа ја промовира линијата чанти Devotion.

Треба да знаете
Последни објави