Речиси 50 проценти од пациентите кои починале од Ковид 19 биле предоцна донесени на клиниката, односно без претходна консултација со лекар, изјави на прес конференција директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.
Само во изминатово деноноќие починаа деветмина, а од почеток на пандемијата 210 од 4482 случаи на Ковид-19.
-За прецизно дискутирање на смртните случаи треба да се направат прецизни анализи. Јас можам да кажам од аспект на она што ние го гледаме на клиниката. Од над 470 пациенти досега, имаме 90 кои за жал, се со смртен исход. Најголем дел од нив се донесени на лекување по 10-15 дена
самолекување, односно без претходна консултација на лекар. Еден друг дел, се донесени по повеќе од една недела самолекување. Нашите математики се дека 50 проценти од пациентите се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил поинаков ако тие биле донесени навреме или барем консултирале матичен лекар, вели Стевановиќ.
Таа вели дека дополнителни отежнувачки фактори се и возраста и хроничните болести, а еден дел од помладите кои починале од Ковид-19, не пријавувале хронични болести.
-Болеста има непозната патофизиологија кои ние овие 4 месеци ја одгатнуваме, со цел болеста да заврши со помалку мака и несакани исходи. Смртноста е многу значајно прашање кое ние здравствените работници мораме да го анализираме на крајот од оваа епидемија, вели
директорката на Инфективната клиника.