Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Хонолулу ќе се сретне со кинескиот дипломат Јанг Џиечи, соопшти Стејт департментот.
Средбата ќе се одржи во 9 часот по локално време.
Како што пренесуваат странските агенции, односите меѓу двете најголеми економии во светот се заладија од почетокот на годината, поради решавањето на епидемијата на коронавирус и обидите на Кина да воведе нов закон за безбедност за Хонг Конг.