Интегрален текст од изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Луѓе умираат, бројот на заразени дневно се мери со стотици, а владата рекламира летување во Бали. Почитувани, по езерото Кенигсе во Германија, и езерото Анисе во Франција, сега се рекламира хотел во Бали Индонезија. И за тоа власта на СДСМ 20.000 евра, договорено во четири очи! Ова е фотографијата за кампањата „Дома си е Дома“, за летување дома,
Ова е фотографија од хотел во Бали, Индонезија употребана за кампањата Дома си е дома.
Само за оваа забегана власт , за Заеви, Шекерински, и останатите, Бали можеби им е дома.
Ете така размислува оваа забегана власт, дека луѓе со примања до 15 илјади месечно, сега можеби ќе ги излажат и со ваучерот дека ќе летуваат на Бали, во можеби во Германија или Франција!
Почитувани, срамно е среде епидемија со илјадници заразени, стотици починати, доктори оставени да се снаоѓаат сами, без никаква надомест за награда, власта на забеганата СДСМ да плаќа за договор во четири очи, за рекламирање на Франција, Германија или индонезискиот остров Бали, со една цел само и само за изборен поткуп. Уште посрамно е што за тоа е избрана фирма без конкурс, без оглас, фирма секако позната и која работела во Струмица, и добила пари од Фондот за иновации. Вакво понижување од своја власт не заслужиле ниту Македонија ниту граѓаните.
Не се размислува за помош на граѓаните, од нив се бара да се откажуваат од средствата, да донираат, земјата тоне во здравствена и економска криза, а од друга страна забеганата власт на СДСМ плаќа да рекламира странски туристички дестинации. Почитувани, ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме и вториот вирус- Заев и СДСМ. Изборот е или Обнова или Измами! Македонија не заборава, Македонија ќе победи !