Тајван денеска повторно ги предупреди авионите на кинеското воено воздухопловство дека премногу се приближиле до островот, соопшти тајванската војска, нагласувајќи дека тоа се случува четврти пат за девет дена.
– Кинески ловец Ј-10 и хеликоптер Y-8 често се користат за извидувачки мисии и влегуваат во зоната на тајванската воздушна одбрана околу пладне, соопшти тајванското воздухопловство.
Патролни тајвански борбени авиони преку разглас ги предупредиле кинеските летала да се повлечат, по што тие веднаш ја напуштиле тајванската идентификациска зона.
– Сега е ситуацијата нормална, се додава во соопштението.
Тајван многупати досега се пожалил дека Кина, која го смета островот како дел од својата територија, ги зајакнала воените активности во претходните месеци.