Раст на бројот на заболени од коронавирусот бележат и земјите во нашиот регион. По еден пик на број на новозаболени од почетокот на пандемијата вчера имаа и Бугарија – 112, Албанија – 62, Косово – 141, Босна и Херцеговина – 45 и Србија – 59.
Во последните 24 часа во земјава направени се 1.391 тестирање, регистрирани ањ 193 нови случаи, од кои најмногу во Скопје – 140, Куманово двајца пациенти, Дебар еден, Штип шест, Тетово 19, Струга 5, Велес двајца, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен двајца пациенти.
– Вкупно регистрирани се 46 оздравени, во Скопје 35, Куманово 1, Штип 6 и по еден во Струга, Гостивар и Валандово. Починати се девет лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден од Тетово и еден пациент од Охрид. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 4.482, бројката на оздравени 1.803, починати 210 и во моментот бројот на активни случаи 2.469 пациенти, рече Филипче.
Во однос на состојбата на клиниките, посочи, на Инфективната клиника се примени 15 пациенти од кои седум се префрлени од Градската општа болницата „8 Септември”, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти, на кислородна поддршка се 43 и нема пациенти на механичка вентилација.
– Во ГОБ „8 Септември” примени се 20 пациенти, вкупно хоспитализирани 109 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани 29 пациенти, во Штип 21 пациент, и во останатите одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, има вкупно 74 пациенти. На Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје во овој момент нема хоспитализирана пациентка која е позитивна на вирусот, има осум пациентки кои што се примени и за кои се чека резултатот од тестирањето додаде Филипче.