Пејачот Жељко Јоксимовиќ (48) израснал во Ваљево заедно со братот Саша и родителите Весна и Бранислав.
Таму завршил гимназија и во 1993-та се преселил во Белград каде запишал факултет за музичка уметност и каде останал да живее до ден денес.
https://www.instagram.com/p/BjzagX1jXLA/
Но пред да се пресели во Белград пејачот имал тешко детство.
Станува збор за домот и дворот на пејачот кој бил заграден со дрвена ограда, тука имало и стара чешма, додека цвеќиња пред домот речиси да нема, пренесува српски Телеграф.
https://www.instagram.com/p/B1t8-1Pifzw/
-Доаѓањето во Белград за мене беше шок. Видов дека ме чекаат мачни години на труд, работа, одрекување од многу работи, не проспиени ноќи, очај… ништо не беше онака како тоа го замислував, но мојата желба за успех беше поголема. Навистина се борев како лав. Во некои моменти ми беше најлесно да се откажам и да се вратам дома, а се случувало да бидам и гладен, несреќен, изигран и потполно сам. Едвај составував крај со крај, раскажа Жељко во една своја прилика.
Тој тогаш додаде дека верувал дека некој ќе го препознае неговиот талент.
Преземено од kurir.mk