Франција побара од Иран да им одобри пристап на инспекторите на МААЕ до нуклеарните постројки

– Франција синоќа соопшти дека со Велика Британија и Германија заеднички вршат притисок врз Нуклеарниот регулаторен одбор на ОН да го убеди Иран неделава да покаже целосна соработка и веднаш да им овозможи на инспекторите на МААЕ пристап до нуклеарните постројки, што Техеран досега го одбиваше.

-Иран, како и секоја земја на која Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе и испрати барање за пристапување, мора да одговори на тоа без одлагање и без услови, со цел да им овозможи на инспекторите на МААЕ да утврдат отсуство на непријавен нуклеарен материјал и активности на нејзината територија, изјави портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Агнес фон дер Мил.

„Ова е од суштинско значење за зачувување на авторитетот на МААЕ и силата на неговиот систем за верификација”, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави