Чаир има 306 активни случаи, следат Аеродром, Гази Баба, Центар, Бутел и Карпош

 Од регистрираните нови 193 случаи со Ковид-19 во земјава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 140 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.137, а активни се 1.425 случаи.

Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 306, потоа следат Аеродром со 119 активни случаи, Гази Баба и Центар со по 114 случаи, Бутел со 106 случаи, Карпош со 100 случаи и Сарај со 95 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 71, Ѓорче Петров – 57, Студеничани – 62, Шуто Оризари – 46, Арачиново – 33, Илинден – 28, Петровец – 12, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 7, Зелениково-1, двајца се странци, а едно лице е нераспределено.

Треба да знаете
Последни објави