Jавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат процес на јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование. Целта е, како што објави МОН, квалитетна подготовка на овој стратешки документ кој треба да обезбеди дополнителен придонес кон развојот на националниот образовен систем.  На својата веб-страница (www.mon.gov.mk) МОН го објави линкот до нацрт-верзијата на Концепцијата за инклузивно образование, чие креирање е дефинирано во новиот Закон за основно образование од 2018 година. -Сите засегнати и заинтересирани чинители кои ценат дека можат да дадат придонес во подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, своите предлози, сугестии и забелешки може да ги пратат на електронската адреса: snezanatrpevska@bro.gov.mk, најдоцна до 25 јуни 2020, информира Министерството за образование и наука.

Треба да знаете
Последни објави