Еден маж беше казнет со 500 евра во Виена затоа што гласно „пуштил ветер“ пред полицајци, од што полицајците се помачиле да се одбранат, објави Асошиејтед прес.
Весникот Остерајх пишува дека поради инцидентот виновникот е казнет за „навреда на јавната пристојност“.
Градската полиција на Твитер напиша дека „се разбира оти никој нема да биде казнет ако му се испушти“, но дека сметаат дека во конкретниов настан човекот се однесувал провокациски и некоопертивно за време на средбата со полицајците која претходела на „турбо-гулабот“.
Престапникот станал од клупа во паркот, ги погледнал полицајците и „испуштил масивен ветер од внатрешните органи и то со сета сила“, вели полицијата, и се додава: А нашите колеги не сакаат некој да им прди толку силно.“
Полицијата појасни дека „престапникот“ има право на жалба на одредената казна.