БиХ го испробува „шведскиот модел“ и регистрира 56 новоинфициарни од коронавирусот

Во Босна и Херцеговина се потврдени 56 новоинфицирани случаји со коронавирусот, а здравствените власти како одговор на оваа бројка потврдиле дека сега експериментираат по примерот на „шведскиот модел“ за справување со контролата за ширење на епидемијата. Овој модел се темелеш повеќе на самодисциплина кај граѓаните, а помалку примена на рестриктивни мерки во нормалното одвивање на животот на граѓаните.

Во целата земја изминатите 24 часа биле тестирани 793 лица, а инфекцијата е потврдена кај 32 лица од подрачјето на Република Српска и 24 од Федерацијата на БиХ.

најмногу инфицирани има на подрачјето на сараево 10 и во бања Лука каде се регистрирани 8 лица.

Податоците кои се објавени е продолжение на трендот на двоцифрен број на инфицирани кој се бележи во последните три недели. Вкупниот број на потврдени случаји од март сега е поголем од 3.100 лица, а евидентирани се 168 смртни случаи.

 

 

Треба да знаете
Последни објави