Дел од бугарските медиуми споделија фотографии од премирот Бојко Борисов, во неговата спална соба.
На една од нив се гледа тој додека спие, а на друга може да се забележи наткасна до креветот врз која стои пиштол, како и пари и злато во фиока.
Борисов вели дека зад фотографиите стојат неговите опоненти, а целта е да го уништат.
Тој го обвини претседателот, Румен Радев дека го снимал со дрон кој го добил како подарок од Кина.
Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но тврди дека предметите на другите фотографи биле намерно поставени.
Борисов истана дека во неговата соба има сеф и нема потреба да чува пари во шкаф. Рече и дека не спиел со пиштол до главата, но од денеска можеби и ќе го направи тоа бидејќи е загрижен за својата безбедност.