Во кланица во Германија 400 лица заразени со коронавирус

Властите во западна Германија соопштија дека 400 луѓе биле заразени со коронавирусот во кланицата на компанијата „Тенис“, во градот Реда Виденбрик.

Вирусот се појави во неколку германски кланици изминативе недели, поради што владата воведе построги правила за безбедност во месната индустрија и забрани употреба на
подизведувачи.

Компанијата „Тенис“ објави дека кланицата во Реда Виденбрик е нејзин најголем погон, со повеќе од 6.000 вработени, јавува АП.

Треба да знаете
Последни објави