Општина Центар континуирано продолжува со грижата за здравјето на своите граѓани и преземање мерки за спречување на ширење на опасниот вирус Ковид-19. По препорака на општината, извршена е дезинфекција на супермаркетите на територија на општината. За безбедност на купувачите и вработените дезинфицирани се маркетите на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Кам маркет и Стокомак, и тоа корпите и количките за пазарување, подовите и површините кои се во допир со потрошувачите, како што се фрижидерите, услужните пултови, наплатните каси и вратите.
Општина Центар спроведе повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема. Извршена е и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивени се гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно-образовни установи на територијата на општината.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш упатуваат апел до сите граѓани доследно да се почитуваат предвидените мерки за зголемена безбедност со што ќе се спречи ширењето на вирусот.