Дурловски: Граѓаните не забораваат на Преспанскиот Договор со кој СДСМ и Заев го извршија најголемото предавство на Република Македонија

Пред две години на денешен ден криминалната влада на СДСМ предводена од Зоран Заев го потпишаа Преспанскиот Договор со кој се изврши најголемото предавство и се нанесе најтешкиот удар врз темелите на државата. Точно пред две години тие го променија името на државата и тоа го направија само за пусти пари.

Денес Македонија не само што не е дел од Европското семејство и не ги ужива придобивките од перспективната европска реалност, туку стана поле на негирање на се што е македонско од потписниците на таканаречените добрососедски договори. Преспанскиот Договор е негирање на историските придобивки стекнати со Преспанското советување и со АСНОМ. Со него погазија врз идејата предците, но никогаш нема да можат да ја избришат придобивката на нивната жртва да имаме своја држава Македонија и да се нарекуваме Македонци.

Македонскиот народ за разлика од своите властодржци има национално достоинство кое нема цена, има љубов кон својата татковина, која им пркосела на многу неправди.

За се што направија во овие три години СДСМ и Заев ќе одговараат пред граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази овие погубни политики. Или обнова, или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!

Треба да знаете
Последни објави