На 16.06.2020 во 13,15 часот, при вршење мотопатролна дејност на влез во сelo Лојане, од полициски службеници било забележано патничко возило „Ауди А4“. По дадениот знак да застане, возилото не застанало и се упатило кон место викано „четирите куќи“.
Потоа, возилото застанало и од него излегле мигранти, кои се дале во бегство, а возачот на возилото останал до возилото. По преземените мерки од полициските службеници констатирано било дека се работи за А.И.(24) од с.Лојане.
Во моментот кога бил задржан од полициските службеници, околу службеното возило се собрала група од околу 50-тина луѓе од с.Лојане, по што од полициските службеници била побарана помош од друга мотопатрола од Полициската станица за Граничен надзор Сопот и А.И. бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.