Македонија го чека датумот за мегданот со Косово

По две одложувања, поради пандемијата со коронавирус, УЕФА денеска (12 ч.) ќе треба да го комплетира натпреварувачкиот календар за репрезентациите со тоа што ќе ги прецизира термините за доигрување на започнатата сезона од Лигата на нации, а ќе го направи и новиот за идната сезона. Истото ќе треба да биде направено и за сезоните во клупскиот фудбал.

Македонија која е учесник во бараж натпреаврите од ЛН и има историска шанса да се избори за настап на јубилејното ЕП-2020 кое е презакажано за идната година, го очекува датумот кога ќе излезе на полуфинален мегдан со Косово. Покрај овој дуел ќе се играат уште три полуфинални средби, а потоа победниците ќе разигруваат во финалните мечеви од четирите сегменти во ЛН за да биде комплетирана листата со 24 учесници на завршницата од ЕП кое е закажано за идното лето од 11 јуни до 11 јули.

Како можни датуми за одигрувањето на мечот на Македонија и Косово во Скопје се споменуваат месеците септември, октомври, ноември. Последна најава која стигна од островските медиуми е дека полуфиналните дуели ќе се играат на 7 октомври, а финалето на 11 ноември. Македонија ако го елиминир Косово во еден пресметка ќе и гостува во решавачкиот дуел на подобрата селекција од пресметката меѓу Грузија и Белорусија.

 

Треба да знаете
Последни објави