НБА има за цел со продолжувањето на сезоната да го привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда

Раководството на НБА лигата ги извести сите 30 екипи дека главната цел на продолжување на сезоната е да се привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда.

– Главната цел на рестартирање на сезоната ќе биде да се користи НБА платформата за да се сврти вниманието кон проблемите на социјалната неправда и конзистентни активности, вклучително и борба против систематски расизам, проширување на образовни и економски можности низ црната заедница, спроведување на полициска и криминална правда и промовирање на граѓанско активност, се вели во соопштението.

Продолжението на сезоната 2019/20 во најсилната светска кошаркарска лига се очекува на крајот од јули или почетокот на август.

Треба да знаете
Последни објави