Николовски за Канал 5: Со Договорот од Преспа го остваривме историскиот сон, станавме членка на НАТО, со силно темпо се движиме кон ЕУ

„Со храброста и визијата да ги решиме сите отворени прашања со нашите соседи и да го постигнеме Договорот од Преспа го остваривме деценискиот сон на многу генерации граѓани. Ни се случи чудо, станавме тим кој игра во првата лига, со најсилните. Денеска сме членка на НАТО, ги почнуваме преговорите за полноправно членство во Европската унија и денеска сме дел од најелитниот безбедносниот тим”, оцени генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во интервју за телевизијата Канал 5.

Тој нагласи дека во наредниот период Република Северна Македонија ја очекува процесот на преговори со ЕУ, кој ќе се одвива со силна динамика.

„Во март добивме почеток на преговорите, ја очекуваме Преговарачката рамка, а до крајот на годината треба да се случи и првата меѓу владина седница на ЕУ и Република Северна Македонија. Ова е остварување на историскиот сон на многу генерации од нашата земја. Јас сум горд што сум дел од  генерацијата којашто со храбри и решителни одлуки и чекори ги реши сите отворени прашања со соседите и заради доброто на нашите деца направивме историски чекори”, додаде Николовски и нагласи дека на овој начин ја зајакнавме нашата безбедност, а со тоа ја обезбедивме и нашата иднина.

Треба да знаете
Последни објави