Сопругата на Коби Брајант ги блокираше страниците на кои се спомнува неговото име

Откако ги загуби сопругот Коби Брајант и ќерката Џиџи кон крајот на јануари, Ванеса Брајант собра сили да се обрати пред јавноста во неколку наврати. Таа се појави на комеморацијата и одржа говор во чест на својот сакан сопруг, а потоа го отвори својот инстаграм-профил за да им се заблагодари на сите фанови од целиот свет за нивната поддршка и зборовите на утеха што пристигнаа.

Вдовицата на легендата во НБА и нејзините други три ќерки, вклучувајќи ја и најстарата Наталија, се обиделе да продолжат понатаму со нивните животи, но една работа особено им пречела, признала Ванеса Брајант.

Бројни обожаватели на легендарниот кошаркар, создадоа илјадници фан-профили на социјалните мрежи. Поради тоа Ванеса одлучила да направи драстичен потег и ги блокирала сите страници на кои се спомнуваат имињата на Коби и Џиџи Брајант. После тоа, Ванеса уште еднаш се обрати до јавноста и побара разбирање.

https://www.instagram.com/p/B2E3mRunJYg/

„Јас и Наталија моравме да ги блокираме фан-страниците затоа што е тешко преку интернет постојано да се гледаат фотографиите од нашите најблиски, Џиџи и Коби. Блокирањето на фан-страниците помогна во промената на алгоритмот. Ве сакаме сите, но ве молиме разберете дека требаше да го сториме тоа за да можеме да продолжиме понатаму, не затоа што не ве цениме“, напиша таа.

После тоа, мајката и ќерката ги затворија своите инстаграм-профили за јавноста.

Треба да знаете
Последни објави