Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во вечерашното гостување на Тв 24 откри дека Бојан Јовановски до Обвинителството ќе поднесе кривични пријави против актуелни функционери за повеќе кривични дела меѓу кои и злоупотреба на службената положба, измама и шпионажа.
Кривична пријава ќе има и за Орце Камчев, рече Дуковски..
-Јас не го разбрав дека е конкретно за парите од овој предмет, зашто ние тврдиме дека тука нема пари. Јас го разбрав дека зборува за воопшто, за некаков рекет од некои политичари. Поднесовме барање Бојан на 25 овој месец да биде однесен во Обвинителство за да поднесе кривични пријави за сето она што го знае. Средбата со Јовевски ја бараме за да пријави криминал. За злоупотреба на службена положба, за измама, за шпионажа… За актуелни функционери. И против Орце Камчев, рече Дуковски.