Жителите на неколку градови во Индија запалија фотографии на кинескиот претседател Си Џинпинг, откако семејствата на некои војници убиени во бруталниот судир со кинеските трупи во спорниот пограничен регион ги кремираа нивните останки.
Жителите на градот Канпур во северна Индија одржаа лажен погреб на кој го исмеваа кинескиот претседател и ја запалија неговата фотографија, извикувајќи пароли против Кина. Во Кутаку, источна Индија, беа запалени фотографии од Си и од знамето на Кина. Жителите на градот Сурат кршеа и фрлаа на земја телевизори направени во Кина со цел да изразат револт против смртта на околу 20 индиски војници.
Индискиот министер за надворешни работи вчера разговараше со висок кинески дипломат и двете страни се согласија дека нема да преземат никакви чекори што можат да ја влошат ситуацијата и дека ќе се обидат да обезбедат мир и стабилност во спорното погранично подрачје.
Индија и Кина, кои се обвинуваат едни со други за конфликтот со најголем број жртви во овој регион од 1967 година, се повикаа една со друга да ги повлечат трупите.