Градоначалникот Марин во посета на детската градинка „Буба Мара“

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, ја посети детската градинка „Буба Мара“, каде што деновиве се одвива комплетно реновирање на објектот. Директорката на градинката, Елена Устамитова, го запозна градоначалникот со повеќето зафати што се изведуваат во градинката, особено во стариот дел од управата, кој првпат се реновира по 30 години. Реновирањето опфаќа стругање на паркетот, лакирање, молерисување, поставување нова инсталација, менување електрика и слично.

Истовремено, реновирање се врши и во сите шест објекти на градинката „Срничка“, каде што исто така се изведуваат зафати со кои се подобруваат условите за престој на децата.

Општина Аеродром и натаму ќе вложува и ќе инвестира во иднината на најмладите и ќе се грижи секое дете да расте во подобри и поквалитетни услови.

Треба да знаете
Последни објави