Граѓаните ќе ги поразат лагите и измамите на криминалецот Зоран Заев и СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Љупчо Николовски

 

„СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски се во паника и очај од нискиот рејтинг и ветуваат брда и долини. Свесни дека ги очекува дебакл на изборите, СДСМ, Заев и Николовски повторно се обидуваат да манипулираат со граѓаните. СДСМ нема ниту план, ниту визија за Република Македонија, а тоа го покажаа изминатите 3 години.

Заев и СДСМ немаат ниту капацитет да спроведе било каков проект, ниту пак ги интересираат проблемите на граѓаните и покачување на животниот стандард. СДСМ како ураган ги уништија институциите и државата, а Зоран Заев е главата на криминалниот октопод.

Заев единствено го интересира криминалот, корупцијата и рекетираните милиони и тоа денеска потврди во судница првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски. Безидејноста, криминалот, корупцијата, измамите, лагите, неспособноста и неодговорноста на СДСМ, Заев и Николовски завршува на 15 јули. Поминува времето на ЌЕ Владата. На 15јули граѓаните ќе изберат обнова со ВМРО-ДПМНЕ, наместо лагите и измамите на Заев и СДСМ. Граѓаните ќе го направат вистинскиот избор. Лагите, измамите и неспособноста на Заев и Николовски ќе бидат поразени на 15 јули.

Македонија не заборава, народот ќе ја направи разликата.“

Треба да знаете
Последни објави