Девет починати во старски дом во Виена, ги заразила вработена во домот

Во старски дом во Виена, во кој влезе коронавирус, бројот на починати се зголеми на девет, а се претпоставува дека вирусот го внела една вработена.

„ Според оценката на директорката на домот и здравствените служби на градот Виена, една вработена, која немала симптоми, била првата заразена личност во таа установа“ соопшти Домот за стари лица.

Таа жена, заедно со еден корисник на домот е позитивна на тестирањето за време на масовниот скрининг во оваа установа.
Веднаш по добиените резултати на тестот надлежните презеле дополнителни мерки и наредиле понатамошно тестирање.

Второто тестирање покажало дека уште десет станари и тројца вработени се заболени од коронавирус. На почетокот на неделата починале шест луѓе од домот, а за време на последните 24 часа уште тројца.

Треба да знаете
Последни објави