Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1. Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1, Кичево-1. Починати се шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово, соопшти Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември” починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во Општата болница Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2243, активни 1507
• Куманово 668, активни 219
• Дебар 62, активни 10
• Штип 254, активни 205
• Прилеп 229, активни 16
• Тетово 481, активни 297
• Струга 147, активни 68
• Велес 156, активни 29
• Битола 37, активни 9
• Охрид 90, активни 71
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 78, активни 52
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4,
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 56, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 3, активни 2
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3,
• Делчево 1,
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 11, активни 9
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 47, активни 46
• Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Клиника „Жан Митрев” -152. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти од кои на кислородна поддршка се 47 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
До изутрината, во ГОБ „8 Септември” примени се 20 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 121 пациент од кои на респираторна машина се седум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 336
• Аеродром – 125
• Бутел – 118
• Гази Баба – 128
• Центар – 121
• Карпош – 103
• Сарај – 105
• Кисела Вода – 80
• Ѓорче Петров – 62
• Студеничани – 71
• Шуто Оризари – 51
• Арачиново – 38
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 12
• Зелениково- 1
• Странец – 3
• Нераспределен-4.