Индија, Ирска, Мексико и Норвешка се новите непостојани членки на СБ на ОН за 2021-2022 година

Индија, Ирска, Мексико и Норвешка ќе бидат непостојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации во периодот 2021-2022 година, како што следи од резултатите од вчерашното гласање на Генералното собрание на ОН, пренесува ТАСС.

Ирска освои 128 гласови, Норвешка 130 гласа, Мексико 187 гласа, а Индија доби 184 гласа. Делегатот на Африка ќе биде избран во вториот круг од гласањето бидејќи ниту Кенија ниту Џибути не го освоија потребниот број гласови.

Заедно со петте постојани членки-  Русија, Велика Британија, Кина, САД и Франција- Советот за безбедност на ОН има десет непостојани членки, од кои пет ротираат секоја година. За разлика од петте постојани членови, тие немаат право на вето.

Новоизбраните членови ќе ги заменат Белгија, Германија, Доминиканска Република, Индонезија и Јужна Африка, а Виетнам, Нигер, Сент Винсент и Гренадини, Тунис и Естонија ќе продолжат втора година.

Треба да знаете
Последни објави