Пилотот кој управувал со хеликоптерот кој на 26 јануари се урна и животот го загуби НБА-ѕвездата Коби Брајант неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум сопатници бил дезорјентиран, покажала истаргата.
По пет месеци откако се случи несреќата објавени се нови детали за несреќата кои говорат дека пилотот Ару Зобајан бил дезорјентиран.Тој разговорал со контролата на летање на кои им соопштил дека ќе оди на поголема височина од 1.220 метри како би излегол над облаците, а суштински во тие моменти тој веќе паѓал со молневита брзина кон ридот во кој удрил хеликоптерот. Во извештајот на Националниот одбор за сигурност во сообраќајот наведено е дека пилотот најверојатно погрешно го проценил движењето на леталото, што може да се случува доколку е дезорјентиран за време на лоша видливост. Со ова се потврдени теориите на стручњаците кои укажуваа на тоа дека Зобајан бил дезорјентиран. Хеликоптерот немало никакви траги дека има некој дефект.