Колинда му покажа среден прст на музичарот и политичар Мирослав Шкоро

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, му покажа среден прст на пејачот Мирослав Шкоро, кој минатата година се кандидира за претседател на државата, по неговата изјава дека силувана жена, доколку забремени, мора да се договори за абортус со семејството.

Колинда го следеше примерот на заменик-градоначалничката на Осијек, Жана Гамош, која објави фотографија на која го покажува средниот прст упатен за Шкоро и ги покани и другите жени да го сторат тоа.

Попладнево, тоа го стори и поранешната претседателка на Хрватска, која ја испратила својата фотографија со кренат среден прст до редакцијата на „Јутарњи лист“ со порака:

„Им се придружувам на сите жени што со овој непристоен чин го покажуваат својот став и го креваат својот глас против оние што се обидуваат да нè вратат со векови назад. Помина времето кога жената седеше во ќош.

Отсекогаш сум била за живот, но и за живот што има право на избор. Без притисок, без стигматизација и условување, особено во најчувствителните животни ситуации, како силување.

Затоа, како поддршка, го кревам средниот прст за нас жените и нашите права, но и за мажите што нè поддржуваат“.

Треба да знаете
Последни објави