Уште најмалку 130.000 луѓе починале од коронавирус ширум светот, покрај 450.000 официјално пријавени смртни случаи, покажува новата студија на Би-би-си.
Прегледот на прелиминарните податоци за смртоност од 27 земји покажува дека на многу места вкупниот број на смртни случаи за време на пандемијата бил поголем од нормалниот, дури и кога се зема предвид вирусот.
Таканаречениот „вишок на умрени“, бројот на починати над просекот, сугерира дека човечкото влијание на пандемијата далеку ги надминува официјалните бројки, кои ги објавуваа владите во светот.
Некои од тие луѓе можат да бидат жртви на пандемијата, но останатите би можеле да бидат жртви на преоптоварениот здравствен систем и на повеќе останати фактори.
Би-би-си објави податоци за Бразил, Италија, Јужноафриканската Република и за Велика Британија, каде прикажува дека вишкот на починати се појавува во сите четири држави над зголемениот број починати во сред пандемија на коронавирус.
Како што прикажува графиконот, исцртаната линија го означува очекуваниот број на починати, вертикалната линија почетокот на пандемијата на коронавирус, а обоените површини кои се над вертикалната линија – зголемениот број починати во сред пандемија (црвена боја) и таканаречениот вишок на умрени ( сина боја).
Директната споредба на бројот на смртни случаи меѓу различни држави е исклучително тешка. Точноста на податоците за смртност на коронавирус во голема мера зависи од тоа колку луѓе биле тестирани за вирусот во секоја земја и дали владите го вклучиле бројот на вируси на смртни случаи надвор од болничките системи во официјалните податоци.
Бидејќи вирусот се шири низ целиот свет, земјите достигнаа различни фази на пандемијата во различни периоди. На некои места, бројот на жртвите може да се зголеми уште повеќе во наредните недели и месеци, особено откако ќе се ревидираат бројките, додека во некои држави бројот на загинати се враќа во нормала, кон очекуваниот број на смртни случаи без оглед на пандемијата.
Анализата на смртни случаи од сите причини за време на избивањето на пандемијата и споредено со смртни случаи во истиот период од претходните години може да обезбеди поточна, но единствена привремена проценка на реалниот број на смртни случаи од пандемијата на коронавирус.
Бројот на починати во Британија е за 43 проценти поголем од просекот со околу 65.500 починати над просекот. Официјалниот број на починати од коронавирус е 51.804. Вишок на умрени – 12.729.
Во Австралија е за 11 отсто поголем од просекот со околу 1300 починати повеќе од просекот. Официјалниот број на починати – 618. Вишок на умрени – 685.
Во Бразил бројот на починати е за 38 проценти поголем од просекот со околу 19.300 починати повеќе од просекот. Официјалната бројка на починати е 15.830. Вишокот на починати – 1989.
Во Германија е за 4 отсто поголем од просекот со околу 7.100 починати повеќе од просекот. Официјалната бројка на починати е 7.792. Вишок на умрени главно нема.
Бројот во Шпанијае за 50 проценти поголем од просекот со околу 42.900 умрени повеќе од просекот. Официјалните бројки на починати се 27.709. Вишокот на умрени е 15.158. Има податоци и за други држави и бројот на починати од коронавирус.