Кавгите, пишува списанието, почнале пред неколку месеци кога Меган и Хари заминале на приватна вечера со актерката и нејзиниот свршеник Алекс Родригез.
„Хари помина речиси цела вечер разговарајќи со Џеј Ло, која не само што е многу поубава во живо туку е и крајно харизматична. Речиси сите мажи паѓаат на нејзиниот шарм, а Хари е само човек. Меган се врати од таа вечера лута и многу љубоморна“, откри неименуван извор.
https://www.instagram.com/p/B6_tII5JgRl/?utm_source=ig_embed
Споменатиот извор тврди дека проблемот е уште поголем бидејќи Хари сака да организира вечера со Џенифер и Алекс во вилата во Беверли Хилс.
„Меган не знае како да се справи со тоа и како да се однесува. Од една страна, Џенифер е дел од нејзиниот план да успее во фабриката на соништата и да стане актерка од А-листата. Можеби тоа е причината зошто не му кажува на Хари за своите сомнежи“, заклучува изворот.