Интегрален текст од соопштението на Унијата на на здруженијата на медицински сестри
„Почитувани медиуми би сакале јавно да го објавиме ставот на сестринската професија во нашата земја, во врска со панедмијата предизвикана од корона вирусот.
Сестрите, островото на спасот се премногу исцрпени. Тие се силни додека се сите на број, но бројот на заразени се повеќе и повеќе расте. Во последниот период со енормното зголемување на бројот на пациенти, зголемениот број на приеми, отворањето нови капацитети со истите носечки луѓе ситуацијата ги премори и потребите за одмор рехабилитација станаа неопходни.
Унијата на здруженијата на медицински сестри не може да ги коментира деталите за менаџирањето на сестрите внатре во избраните институции, за тоа сепак треба да кажат одговорните лица. Но, затоа пак Унијата прави сондажа на потребите и се она што треба да следи за нашите колеги кои се ангажирани директно: бенефиции на деновите за одмор, на стажот, платени годишни одмори, финансиски награди, привилегирани систематски прегледи…
„Херои сте кога ја добивате битката, но за жал ние сме соочени со наплив на пациенти. Кога не се почитуваат мерките тоа е како да сте се здружиле со непријателот. Издржавме многу и во други времиња на немири, епидемии, сообраќајни незгоди, и на крајот од се бевме поголеми и посреќни бидејќи успевавме да се справиме. И сега се справуваме но, лавината е се поголема, времето се пролонгира и неизвесноста трае.
Мораме пред професионалниот предизвик да издржиме и да се спротиставиме на стравот, да се поклониме на храброста и чувствителноста која не краси. Да бидеме во мислите со нашите колеги кои се заразија и да се чуваме максимално бидејќи зависиме еден од друг.
Затоа сите медицински сестри кои се префрлени, надополнети, преструктуирани од едно на друго одделение, во други институции, во ковид центрите… треба да бидат платени под тие услови, а не со лични доходи од матичното работно место кое е на друг начин со коефициент изразено. Ова е нешто на кое секојдневно треба да се води сметка бидејќи во овие исцрпувачки работни денови не треба вака да бидат дестимулирани медицинските сестри.” – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата предводена од здружението „За нас”.
Апелираме да се почитуваат дадените превентивни мерки, да се грижиме за себе, за нашето здравје и за здравјето на нашите најблиски. Драги сограѓани, само со заеднички сили можеме да го спречиме заминувањето без поздрав од овој свет.“