Светскит тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ ѝ го честита роденденот на сопругата Јелена, која во средата наполни 34 години.
„Те сакаме, аморе! Ти благодарам што се вложуваш целосно и што неизмерно сакаш и даваш поддршка кога е најпотребно. Благодарен сум што те имам во животот како партнер и сродна душа,“ напиша Новак на својот Инстаграм профил.
Тој сподели и фотографија од сопругата која се чини дека му е многу драга, а уследија и многубројни честитки од неговите фанови.