Новите случаи на коронавирусот во Црна Гора се увезени и ќе има уште

Директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора, Јевто Ераковиќ рече дека со сигурност може да се каже дека сите новорегистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора се увезени.

Според него, доколку се земе предвид неодговорното однесување на граѓаните, сосема очекувано е дека вирусот повторно се појавил во земјата.

Ераковиќ во Утринската програма на РТЦГ рече дека очекува во наредните денови да се зголеми бројот на новозаразени.

– Секако дека беше очекувано дека ќе го добиеме вирусот, дека ќе се увезат нови случаи. Дали очекувавме во овој број и на овој начин, па ако го погледнеме однесувањето на одредени неодговорни лица и групи, тогаш можеби ова се очекуваше. Колку уште ќе има, тоа сигурно ќе биде уште поголем број во наредните денови, рече Ераковиќ.

Тој смета дека одењето на црногорските граѓани на фудбалското дерби во Белград, сепак довело до состојбата што сега ја има во земјата.

„Во Италија сè се случи по натпреварот во Милано, но за среќа вирусот во моментот има помал потенцијал”, рече Ераковиќ.

Тој додаде дека надлежните органи истражуваат кој бил во Србија, како и на кој начин се вратиле.

Лабораториите на Институтот за јавно здравје регистрираа седум нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во Црна Гора се зголеми на девет лица.

Треба да знаете
Последни објави