Повеќе од 50 отсто од заразените со коронавирус во Русија не покажуваат никакви симптоми

Повеќе од 50 проценти од руските граѓани заразени со коронавирусот не покажуваат никакви симптоми, изјави Ана Попова, раководител на руската Федерална служба за мониторинг на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот.

-Доколку зборуваме за асимптоматски пациенти, понекогаш и до 60 проценти се такви, но во целина, статистиката зборува за 50 проценти од откриените заразени, кажа Попова во телевизиско интервју.

Таа додаде дека ова е многу добар показател за земјата, бидејќи тоа значи активно откривање на случаите.

Треба да знаете
Последни објави