Ристески: Министерството за здравство имаше низа пропусти во справувањето со коронавирусот

Министерството за здравство во однос со справувањето со Covid-19 има низа пропусти, оцени д-р Милан Ристески во текот на неговото костувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

„Моментот на R0 под 1, демонтажата на болницата, па сега нејзиното повторно монтирање, одеднаш соочување со преземање на кадри од другите градови кои што прашање е колку е добро обучен да ја користи опремата за заштита. Да речеме ова денес што го гледав во Штипска гинекологија е најверојатно последица на несоодветно управување со опремата за заштита“, појасни Ристески укажувајќи на пропустите на министерството.

Ристески додаде дека во моментов во Македонија има повеќе луѓе во самоизолација отколку што има полицајци во државата, невозможно е полицајците да ги чуваат луѓето во самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави