Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша законски предлог за воведување санкции против Кина, поради наводната репресија на Пекинг врз кинеското малцинство Ујгури од муслиманска вероисповед, објави „Ројтерс“.
Во исто време, контроверзната книга на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, која крена прашина во Вашингтон, објави сведочења за тоа како Трамп наводно ја охрабрил Кина да не ги затвора присилните кампови за малцинските групи.
Ујгурите кои се мнозинство во провинцијата Ксинџијанг, на крајниот запад на Кина, бараат поголема автономија.